За нас

Апартманите LIVE се два апартмани изградени еден до друг (41 m2, 31 m2) од 2010 год.
Се наоѓаат на 4 км оддалеченост од центарот на градот Скопје, во пријатна и мирна локација.

Во најблиската околина се наоѓаат помали или поголеми прехрамбени продавници, ресторани, фризерки салон, аптека, пазар, пекара, т.ц. Лептокарија, спортски игралишта, фитнес сали, козметички студиа, пошта, автобуски линии, такси компанија, болницa и амбуланта. LIVE располагаат со градина од 180 м2 и приватна гаража за Вашето возило. Обезбедена е безжична интернет линија, ТВ со кабелски приклучок, клима уред, мини ладилник, фен, одделно купатило, спална соба и соба за дневен престој.

LIVE се одлично решение за Вас доколку сте на повремен туристички или деловен престој во градот Скопје.

Ви посакуваме пријатен престој!